Ливерпул во 94. минута до славје на гостувањето против Вулверхемптон (ВИДЕО)

Ливерпул успеа да дојде до нова победа во Премиерлигата, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Вулверхемптон во 15. коло, благодарение на голот на Ориги во 94. минута од натпреварот.

„Црвените“ откако не успеаја да реализираат ниту една од неколкуте можности на Тиаго и Садио Мане се до крајот на регуларниот дел од мечот, на крај сосема заслужено дојдоа до погодок буквално во последните секунди од средбата.

Салах асистираше, а Ориги донесе големи три бода за тимот на Јирген Клоп

Саутемптон пропушти победа против Брајтон ремизирајќи (1-1) откако гостите израмнија во 98. минута од натпреварот. Најпрво Саутемптон во првиот дел поведе со погодокот на албанскиот интернационалец Броја. Њукасл го победи со 1-0 Барнли, со голот на Вилсон во 40. минута од средбата.

Се вчитува...