Ливерпул во финишот го скрши Саутемптон

Ливерпул успеа да слави важен триумф (1-3) на гости против Саутемптон откако во финишот го скрши отпорот на домаќинот. Мо Салах по речиси два месеци постигна гол, а Џордан Хендерсон го постави конечниот резултат на мечот во 86.минута.

Саутемптон дојде во водство во деветтата минута, и израмни Кеита пред крајот на првиот дел.

Ливерпул сега има два бода предност во однос на Манчестер Сити, но и еден одигран меч повеќе од „граѓаните“.

Се вчитува...