Осум години подоцна, почнува нова ера во Ливерпул. Заминува Салах, си оди и Робертсон, можеби Алисон, а сега најверојатно ги пакува куферите и Вирџил ван Дајк. Холандскиот стопер веројатно ќе има нов клуб на лето, и ќе се пресели во Истанбул, со оглед дека веќе му кажал „да“ на тимот на Галатасарај.
Ван Дајк со години е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, заслужен за два трофеи во Премиерлигата, за освоената Лига на шампиони, но сега дојде време за разделба.
Според пишувањата, 35-годишниот Ван Дајк им соопштил на челниците на Галатасарај дека ќе дојде во нивниот клуб, само треба да се праша и Ливерпул. Тоа нема да биде проблем, со оглед дека Холанѓанецот влегува во последната година од договорот со клубот. Ван Дајк го чини Ливерпул 18 милиони фунти по сезона, што ќе значи и ослободување на клупската каса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
