Ливерпул во офанзива по Набил Фекир

Набил Фекир е фудбалерот што Јирген Клоп сака да го види како наследник на Филипе Кутињо, а Ливерпул веќе тргнал во офанзива по плејмејкерот на Лион. „Црвените“ во изминатиот период беа поврзувани со Томас Лемас, но големиот пад во формата на плејмејкерот на Монако придонесе Клоп да го пренасочи вниманието кон 24-годишниот Фекир, кој веќе најави дека би сакал да си замине од Лион.

Дел од француските медиуми тврдат дека фудбалерот веќе ги договорил условите за петгодишна соработка со „црвените“, а во завршна фаза се и разговорите меѓу клубовите, кои се однесуваат на сума од околу 70 милиони евра.

Сепак, ова беше демантирано од страна на првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола.

„Ниту сум се слушнал денеска со некого од Ливерпул ниту пак сум се договорил за трансфер на Фекир со некој друг. Говориме за врвен играч кој има договор со нас и ние ќе сториме се за тој да остане и да настапува за нас во Лигата на шампионите следната сезона“ – изјави Ола.

Ливерпул не жалеше пари за да му ги исполни желбите на Клоп кога стануваше збор за Наби Кеита и за Вирџил ван Дајк, останува да се види дали истото ќе биде случај и со Фекир, кој дефинитивно би донел поголема инвентивност во средниот ред на „црвените“.

Се вчитува...