Ливерпул води во трката за потпис на Ремзи

Ливерпул води во трката за потпис на талентираниот Калвин Ремзи, пренесуваат англиските медиуми. Десниот бек на Абердин важи за еден од најталентираните фудбалери родени во генерацијата 2003, а за неговиот потпис е заинтереснирана „пола Европа“.

Осумнаесетгодишникот инспирираше со своите настапи во шкотското првенство и квалификациите за Конференциската лига каде одигра вкупно 28 натпревари, а постигна еден гол и оствари девет асистенции.

Англискиот гигант се уште нема договор за трансфер со шкотскиот клуб, но очекувањата се наскоро да биде реализиран истиот. Ангажманот на Шкотланѓанецот ќе го чини Ливерпул четири милионии фунти.

Се вчитува...