Ливерпул заборави да победува на „Енфилд“

Ливерпул трет натпревар во серија не успева да дојде до пбоеда на домашен терен, откако тимот на Јирген Клоп попладнево ремизираше 0-0 против Саутемптон. По ремито со Бурнемаут и поразот од Кристал палас, „црвените“ повторно одиграа очаен натпревар во кој едвај создадоа неколку шанси пред противничкиот гол.

Најубавата шанса ја добија кон средината на второто полувреме, кога беше досуден пенал за домаќините, но Милнер не успеа да го совлада голманот Форстер. „Црвените“ притиснаа, но не успеаја да постигнат победнички погодок откако во судиското продолжение Фостер одбрани одлично по обидот со глава на Грујиќ.

Со ова реми, Ливерпул повторно си ја искомпликува задачата во трката за четвртото место кое носи во ЛШ, па сега ќе мора да очекуваат нов „кикс“ на Манчестер јунајтед, кој им е главен ривал.

Milner Penalty Miss HD 0-0 Liverpool VS… by sporttv724

Се вчитува...