Ливриниќ го победи коронавирусот: Новиот тест негативен

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ успешно го мина опоравувањето од коронавирусот. Ливриниќ, која игра за романската Глорија Бузау, на крајот од минатиот месец беше позитивна на Ковид-19, но по двенеделната изолација новиот тест реализиран на 13. јули е негативен.

Македонската ракометрка ја очекува уште еден тест за неколку дена, но од клубот соопштија дека Ливриниќ, која била асимптоматична, сосема извесно го победи коронавирусот.

Наскоро се очекува нејзино враќање на тренинзите на клубот пред стартот на новата сезона во Романија.

Се вчитува...