ЛОИ: Душебајев донесе триумф за Шпанија во драмата против Германија

Поранешниот вардаров ракометар Алекс Душебајев е херојот на Шпанија во победата над Германија од 28-27 на стартот на ракометниот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Душебајев со два гола во последните 90 секунди донесе пресврт победа за Шпанците во ракометното „класико“.

Првото полувреме мина крајно израмнето, во игра главно гол за гол, за по 30 минути Германија да оди со предност од 13-12 на паузата.

Сосема еднакво се играше и во второто полувреме за да Германците на две минути до крајот дојдат до предност од 27-26. Но, тогаш се разигра Алекс Душебајев и со два гола, од кои вториот на 55 секунди пред крајот носи пресврт-предност за Шпанија од 27-28, доволно за победа на крај откако Германија не го искористи последниот напад.

Душебајев мечот го заврши со четири постигнати гола, а Алекс Гомез и Фигерас беа најдобри со по пет гола кај Шпанија. Кај Германците, Вајнхолд заврши со пет постигнати погодоци.

Се вчитува...