ЛОИ – ВАТЕРПОЛО: Крај и за Хрватска, Унгарија е последен полуфиналист

Репрезентацијата на Унгарија е последниот полуфиналист на ватерполо турнирот на Летните олимписки игри во Токио откако во четвртфиналето славеше над Хрватска со 15-11. Освен првиот период кој Хрватите го добија со 3-2, во останатиот дел од мечот одиграа далеку под своето реноме, нешто што го искористија Унгарците и на крајот стигнаа и до убедлив триумф од 15-11.

Криштиан Манхерц ги понижи Хрватите со дури седум гола, додека кај „баракудите“ најефикасен беше Лука Букиќ со четири гола.

Во полуфиналето Унгарија ќе игра со Грција, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Србија и Шпанија.

Се вчитува...