Тотенхем и сезонава игра фантастичен фудбал со кој се наоѓа близу до самиот врв на премиерлигашката табела. Тоа е доволна причина гиганти како Барселона и Интер да го искажат својот интерес за Маурицио Покетино, но аргентинскиот стратег останува максимално лојален на лондонскиот клуб, наведувајќи дека не постојат ни минимални шанси за негово заминување од кормилото на „спарси“.
„Од првиот ден кога дојдов овде го прифатив проектот на Даниел Леви – проектот Тотенхем. Се согласивме да не го користиме Тотенхем како платформа за да се продадеме, туку да сториме се за да освојуваме трофеи со овој клуб. За мене е многу важно да се биде искрен кон личноста што ме доведе пред три години, ме запозна со интересен проект, проект што одлично функционира, така што нема никаква шанса јас да си заминам одовде во блиска иднина. Треба да го направиме следниот чекор, за да стигнеме до сонот наречен титула во Премиер-лигата, тоа ми е единствената преокупација“ – истакна Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА