Лојалноста на Меси е проблем за Барса

Барселона е еден од клубовите коj е најпогоден од финансиската криза предизвикана од коронавирусот. Раководството и играчите се во преговори за намалување на платата за клубот да може да ја издржи сезоната, но на наплата пристигнува и лојалноста на Лео Меси.

Аргентинецот во 2017 година потпиша договор според кој доколку не го напушти клубот до 2021 година ќе добие бонус од 66 милиони за лојалност, половина од оваа сума е веќе исплатена, но останува и другиот дел кој на Барселона во оваа ситуација и задава големи проблеми.

Најдобриот фудбалер во историјата на Барселона имаше шанса да го напушти каталонскиот клуб ова лето, меѓутоа раководството не го пушти Меси да се пресели во редовите на Манчестер Сити. Останува да видиме дали 33-годишниот напаѓач ќе се „смилува“ и ќе ја опрости ратата на Барселона.

Се вчитува...