„Локатели шоу“ на „Олимпико“ – Италија рутински против Швајцарија (ВИДЕО)

Италија стигна и до втората победа на Европското првенство, откако вечерва рутински славеше над Швајцарија на „Олимпико“ со 3-0.

Прво име на натпреварот беше „ѕвездата“ на Сасуоло, Мануел Локатели кој беше стрелец на два гола. Се почна со поништениот гол на Џорџо Киелини во 19. минута, а потоа стапи на сцена Локатели кој со голови во 26. и 52. минута донесе водство од 2-0. До крајот Чиро Имобиле во 89. минута ги постави конечните 3-0.

Првиот гол на Мануел Локатели можете да го погледнете на следниот линк.

Вториот гол на Мануел Локатели можете да го погледнете на следниот линк.

Голот на Чиро Имобиле можете да го погледнете на следниот линк. 

 

 

Се вчитува...