„Лордот“ и натаму прави скандали, полицијата го заплени неговиот автомобил

И по завршувањето на кариерата, Никлас Бендтнер не престанува да се однесува скандалозно. Тој се соочува со казна затвор од три недели, откако бил конфискуван неговиот автомобил вреден 270 илјади евра.

Поранешната ѕвезда на Арсенал, ги прекршил сообраќајните правила во Данска седум пати, и тоа без важечка возачка дозвола.

Доколку сака да ја избегне затворската казна, Бентднер ќе треба да плати 5400 евра, и судски трошоци. Данецот беше обвинет за две прекорачувања на брзината и пет пати возел без валидна возачка дозвола во текот на една година.

Поранешниот дански репрезентативец, сепак, сметал дека не направил ништо погрешно. Тој поседува британска возачка дозвола која не му важи во Данска.

Претходно Бендтнер доби забрана за возење и парична каза за возење во пијана состојба. Доби 50 дневна затворска казна за напад на таксист.

Се вчитува...