Љоренте го чува Свонси во Премиер-лигата

Фернандо Љоренте е најзаслужниот што Свонси и во следната сезона ќе биде дел од премииер-лигата откако велшкиот клуб на крилата на шпанскиот голгетер дојде до уште една огромна победа. Откако минатиот викенд го постигна голот за триумф над Евертон, Љоренте денеска повторно беше прецизен, постигнувајќи го првиот погодок во победата од 0-2 на гостувањето над Сандерленд.

Бурнемаут по голема битка славеше над Барнли со 2-1 со голот што го постигна Кинг во 85. минута, додека Мидлсброу по испаѓањето од Премиер-лигата претрпе уште еден пораз, овојпат на домашен терен од Саутемптон со 1-2.

Се вчитува...