Лос Анџелес ќе биде домаќин на „Ол-стар“ викендот во 2026 година

Натпреварот на најдобрите кошаркари во НБА лигата во 2026 година ќе се игра во Лос Анџелес, соопштија од раководството на НБА лигата.

Ол-стар викендот ќе се одржи во новата арена на Лос Анџелес Клиперс, која ќе биде отворена во Инглвуд пред почетокот на сезоната 2024/2025.

Клиперс планираат да се вселат во новата „Intuit Dome“ во јуни, а отворањето треба да се случи во август. Ол-стар викендот во 2026 година ќе започне на 13. февруари со Ѕвездите во подем, а потоа ќе следи натпреварот за вештини, три поени и забивање еден ден подоцна и Ол-стар натпреварот на 15. февруари.

Оваа година ол-старот е во Индијанаполис, а во 2025 година во Сан Франциско.

Се вчитува...