Лос Анџелес Лејкерс ќе го повлече бројот „16“ во чест на Пау Гасол

Лос Анџелес Лејкерс на 7. март 2023 година ќе го повлече бројот „16“ на легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол кој за тимот од „градот на ангелите“ настапуваше шест сезони од 2008 до 2014 година, притоа освојувајќи две шампионски титули.

Шпанскиот центар пристигна до Лејкерс на 1. февруари 2008 година во трејд во кој беа вклучени Кваме Браун, Џарвис Критентон, Арон МекКи, како и правата за неговиот брат Марк Гасол и два драфт пика, а останатото е историја. Настапи на 429 натпревари во „виолетово-жолтиот“ дрес, постигна 7610 поени и 4240 скока со што имаше огромно значење за клубот.

Се вчитува...