Лос Анџелес Лејкерс на победа до НБА титула (ВИДЕО)

Само уште една победа ги дели Лос Анџелес Лејкерс од шампионскиот прстен во НБА лигата откако поведоа со 3-1 во финалната серија против Мајами. На чекор до успех, „лејкерс“ дојдоа добивајќи го натпреварот број четири со 102-96. Шанса за славје имаат веќе в петок за кога е закажан петтиот натпревар, а тогаш Мајами ќе има шанса да си го продолжи престојот во финалето.

Четвртиот натпревар беше најнеизвесниот и веројатно најквалитетниот во серијата. Ниту една од екипите не успеваше да се одлепи на повеќе од пет поени предност. Решавачка беше третата четвртина во која „лејкерс“ ја поставија препознатливата игра, а Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа доминатни. Дејвис беше клучен во завршниот период во кој речиси сам го одведе тимот на важната победа.

Џејмс беше прв стрелец на натпреварот со 28 поени, а имаше 12 скока, Дејвис заврши со 22 поени. Кентавијус Колдвел-Поуп имаше 15 поени, пет од нив во последната четвртина. Џими Батлер повторно беше најдобар кај Мајами. Постигна 22 поени, имаше и 10 скока и девет асистенции.

Се вчитува...