Лош шутерски ден на Димитријевиќ, пораз на Уникс

Уникс Казањ го запиша третиот пораз во низа откако во победничката фаза на ВТБ лигата подобар од тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ беше Нижни кој славеше на домашен терен со 78-68. Пресудна за победата на домаќините беше последната четвртина и расположениот Џермејн Лав кој реализираше 18 поени во последните десет минути.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со девет поени при скормна реализација од 3/12 од поле, но на истите додаде и 6 скока и 4 асистенции.

За Уникс тоа е вкупно шесттиот пораз во сезоната со што ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ дополнително ја зголеми предноста на првата позиција на табелата.

Се вчитува...