Лоша партија на Дончиќ, Лилард го сруши Далас

Кошаркарите на Далас, поразени се од Портланд со 136-119, и со тоа Трејл Блејзерс ја прекинаа серијата од пет порази по ред. Лилард беше човек на одлука со 36 поени, а запиша 5 скока и 10 асистенции.

Портланд имаше среќа што Лука Дончиќ немаше своја вечер, па уфрли само 15 поени.

 

Најнеизвесно беше на дулеот Јута – Филаделфија, каде што гостите славеа со еден поен разлика (117-118). Победникот беше решен буквално пред крајот. Во текот на четвртиот период двата тима се менуваа во водство, на крајот Филаделфија со повеќе среќа за победа. Харден кај Филаделфија беше најефикасен со 31 поен, додека на средбата со најмногу поени беше Кларксон од Јута со 38.

И во синоќешните натпревари сите екипи постигнаа над 100 поени. Најмалку постигна Кливленд 102 во дуелот со Минесота кој го загуби 110-102.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бостон 106-122
Индијана – Мемфис 112-130
Торонто – Атланта 103-114
Минесота – Кливленд 110-102
Јута – Филаделфија 117-118
Портланд – Далас 136-119

Се вчитува...