Лоша реакција на Димитриевски – му подари бод на Гетафе (ВИДЕО)

Рајо Валјекано имаше одлична шанса да го совлада Гетафе и со три бода да се исчаки на високото четврто место на табелата, но стигна само до бод на ова тешко гостување. И тоа благодарение на грешката на Димитриевски кој му подари израмнување на Гетафе.

Рајо имаше се во свои раце. Арамбари со автогол ги донесе гостите во водство, а потоа Мајорал промаши пенал. Ја испрати топката над голот на Димитриевски. Рајо остана и со играч повеќе по црвениот картон на Алења за Гетафе. Следуваше подарокот на Димитриевски во 77. минута кога во обид да избие топка, беше блокиран од Унал и топката заврши зад неговиот грб.

Покрај Димитриевски, трагичар за Рајо е уште и Раул Де Томас кој не реализираше удар од белата точка во 86. минута. Неговиот обид беше одбранет, и така тимот на Димитриевски освои само еден бод.

Се вчитува...