Канадската тенисерка Бјанка Андреску, ќе отсуствува долго од терените затоа што на мастерсот во Мајами ги скина лигаментите на скочниот зглоб. Андреску се повреди за време на вториот сет во 1/8 финалето на мастерсот во Мајами против Русинката Екатерина Александрова, а теренот го напушти со инвалидска количка.
Победничката на УС опен од 2019 година, во последно време се соочува со проблеми поради повреди, а во моментов е на 31. место на ВТА листата.
„Тешко е да се каже колку ќе трае, но да кажам дека можеше да биде многу полошо. Ќе одам од ден во ден и оптимистична сум дека со правилна работа, рехабилитација и подготовки, наскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Андреску на својот „Твитер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА