Лоши вести: Мартина Навратилова има канцер на два дела од телото

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Мартина Навратилова, денеска ја шокираше спортската јавност обелоденувајќи дека има канцер на два дела од телото, и тоа на вратот и на градите.

Таа во 2010 година за првпат беше дијагностицирана со канцер на градите, тогаш проблемот го реши со зрачење, но за жал лошата болест се врати.

„Забележав топче на вратот во ноември, а по извршените детални прегледи беше утврдено дека станува збор за канцер. Станува збор за заболување на два дела од телото, комбинацијата е опасна, но според она што ми го кажаа лекарите – може да се реши позитивно. Се надевам на победнички исход, ќе се борам со се што имам на располагање“, објави 66-годишната Мартина Навратилова.

Се вчитува...