Лоши вести од Германија: Герд Милер е на смртна постела

Лоши вести стигнуваат од Германија, каде медиумите обелоденија дека легендата на фудбалот во оваа земја, големиот Герд Милер, се наоѓа во критична состојба. Тој болува од тежок облик на деменција, а најблиските веќе ја губат надежта дека состојбата би можела да му се подобри.

„Тој е во кревет речиси 24 часа на ден. Ретко е буден, полека но сигурно тоне кон задгробниот живот додека спие“, изјави нееговата сопруга Уши Милер во разговор за весникот „Билд“.

Милер беше најдобар стрелец на СП 1970, а истата година легендарниот Германец ја освои и „Златната топка“. Две години подоцна тој ја предводеше Германија то триумф на ЕП, постигнувајќи два гола во финалето, а потоа на СП 1974 повторно беше „златен“ за Германците, постигнувајќи го голот за победа од 2-1 во финалето против Холандија. На клупски план, тој имаше три титули европски првак во низа со тимот на Баерн Минхен.

„Токму благодарение на неговите зацртани цели Баерн Минхен го достигна меѓународното ниво на кое клубот се наоѓа до ден денеска. Во моите очи Герд е најважниот играч во историјата на Баерн Минхен. Убеден сум дека луѓето и по 100 години се уште ќе говорат за величината на Герд Милер“, изјави неодамна Франц Бекенбауер, поранешниот соиграч на големиот голгетер.

Се вчитува...