Лоши вести за Роналд Куман на само седум дена пред големата дерби пресметка со Реал Мадрид во Ла Лига.
Иако од Барселона се надеваат дека за „Ел Класико“ ќе го имаат на располагање голманот Те Штеген, сепак чуварот на мрежата нема да биде подготвен за дербито.
„Не верувам дека Тер Штеген ќе биде подготвен до следната недела. Не знаеме ниту датум кога би требало да се врати на терените. Тоа што ни преостанува е единствено да го следиме напредокот во неговото опоравување“ – вели тренерот на Барса, Роналд Куман.
Реал Мадрид во моментов е водечки во Ла Лига со 10 бода, додека Барселона е на петтото место со 7 бода и натпревар помалку од најголемиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА