Лоши вести за Клиперс, Тео ќе отсуствува подолго време?

Плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс, Милош Теодосиќ во неделната пресметка против Феникс санс ги истегна лигаментите на левата нога. По првите медицински прегледи е утврдено дека нема скршеници, од клубот засега немаат подетални информации колку долго би можел да отсуствува од терените, но стравуваат дека може да биде и на подолг временски период.

Теодосиќ се повреди кон крајот на втората четвртина од средбата со Феникс, откако незгодно стапна над Девон Букер, по што соиграчите го изнесоа од теренот.

Српскиот кошаркар по два натпревари во регуларната сезона бележи просек од 5.5 поени и четири асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=SfDP1FdMKoA 

Се вчитува...