Лоши вести за Мајами: Се повреди Џими Батлер

Минатогодшните финалисти на НБА Мајами, после поразот од Филаделфија во првиот настап во плеј-офот, дознаа дополнителна лоша вест, дека во дуелот против Чикаго во доигрувањето ќе мора да играат без еден од најдобрите играчи Џими Батлер, кој има повреда на лигаментот на десното колено.

Се повреди во последните секунди на првата четвртина на средбата во Филаделфија во средата кога домашниот играч Кали Убре незгодно му нагазил на нога. Батлер остана на теренот до крајот на средбата, но сега го очекува неколку недели мирување.

Тоа значи дека Мајами дури во петокот ако го совлада Чикаго и се пласира во доигрувањето, во првиот круг ќе игра со Бостон Селтикс, првиот носител на Источната конференција и екипа која остварила најголем број на победи во лигашкиот дел. И таму Мајами ќе мора да игра без Батлер.

Се вчитува...