Лотар Матеус – колку светски првенства, толку бракови зад себе

Германската фудбалска легенда Лотар Матеус беше дел од гостите на церемонијата на извлекување на групите за Светското првенство во Русија, што ќе се одржи следната година. Друштво на црвениот тепих му правеше Русинката Анастасија Климко, со која се венча во 2014 година во Словачка.

За Матеус има интересна споредба. Тој во животот има играно на пет светски првенства, а досега има склучено и толку бракови. Анастасија Климко е неговата петта сопруга. Разликата во возраста им е 27 години, но засега функционираат добро, и го имаат синот Милан. Поранешниот германски репрезентативец, кој има 25 настапи на мундијалите, првпат се ожени во 1981 година, а една година подоцна настапи и на своето прво Светско првенство во Шпанија.

Се вчитува...