Лоухорн е наследникот на Магдевски во Фени

Фени индустри ги засили редовите со американскиот плејмејкер Дени Лоухорн. 27-годишниот кошаркар претставува замена за плејмејкерот Андреј Магдевски кој потпиша за Гостивар пред неколку недели.

Лоухорн пристигнува од украинскиот второлигаш Динамо Одеса каде во просек бележеше 12.5 поени, 8.3 асистенции и 4.3 скока по натпревар, додека претходно ги бранеше боите на чешкиот прволигаш Храдец.

 

Се вчитува...