Ловрен потпиша со Ливерпул до 2021 година

Хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен останува на „Енфилд роуд“ до 2021 година, откако и официјално потпиша договор за продолжување на соработката со англискиот прволигаш. Во договорот има клаузула и за дополнително продолжување на договорот за уште 12 месеци, доколку се задоволни и двете страни.

„Секогаш сум потенцирал дека сум среќен во Ливерпул, и без размислување прифатив да ја продолжам соработката со клубот. Во иднина ќе продолжам да го давам максимумот на секој натпревар и се надевам дека со тимот ќе бележиме успеси“, изјави Ловрен.

Хрватот дојде на „Енфилд роуд“ од Саутемптон во 2014 година.

Се вчитува...