ЛШ финале: Амброш Мартин против „својот“ Ѓер

Ѓер лани во финалето во Будимпешта по голема драма го совлада Вардар, а унгарскиот гигант денеска во 18 часот ќе го брани тој трофеј во финалната пресметка против Ростов. И двата тима влегуваат со свои адути во финалето, но „џокер“ на Ростов во битката за трофејот ќе биде Амброш Мартин, стратегот што лани во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта седеше на клупата на Ѓер, но овојпат ќе биде предводник на рускиот првак во Будимпешта.

Сите четири титули европски првак што Ѓер ги има освоено во својата историја се кренати со Мартин на клупата, но Шпанецот сега за ривал ќе го има Габор Дани, кој долги години му беше асистент во клубот.

„Мислам дека Ѓер е во предност бидејќи имаше малку повеќе време за одмор, воедно и во полуфиналето доби далеку полесен противник. Немаме многу време за подготовки бидејќи бевме насочени само на Мец, но нема да се предадеме. Би било прекрасно кога повторно би стигнал до трофејот во Будимпешта, овојат со друг клуб“ – истакна Мартин.

Се вчитува...