ЛШ почна со сензација: Интер спасуваше бод против Славија

Интер беше шокиран на самиот почеток од Лигата на шампионите откако „нероаѕурите“ по голема битка едвај освоија бод против Славија Прага (1-1). Гостите одиграа храбро, со пресинг по целиот терен го исфрлија од ритам италијанскиот гигант, па и заслужено поведоа во 64. минута, кога Олајинка натрча на една одбиена топка и ја смести во мрежата на Хандановиќ.

Интер делуваше безидејно, но успеа да стигне до бод во 92. минута, слободниот удар на Сенси заврши во греддата, а одбиената топка Барела со волеј од петнаесетина метри ја смести во мрежата. Судијата го продолжи натпреварот за дури осум минути, но домаќините и покрај обидите не успеаја да го комплетираат пресвртот. Лукаку имаше стопроцентна шанса во 97. минута, но неговиот удар со глава гостинскиот голман со крајни напори го исфрли во корнер.

Лион и Зенит ремизираа 1-1 на „Жерлан“, гостите први поведоа преку Азмун, на 1-1 од пенал израмни Депај, а францускиот тим сигурно ќе жали за пропуштените шанси во текот на натпреварот што го чинеа два бода.

Се вчитува...