Манчестер Сити со една нога е веќе во 1/4 финале, откако за само два минути постигна два гола против Лајпциг, а потоа уште еден и така се стекна со одлична предност на полувремето од 3-0.
Ерлинг Халанд е херојот на Сити, кој најпрво во 22. минута од сомнителен пенал успеа да погоди, а потоа во 24. минута по одбиена топка со глава стрелаше во мрежата на Бласвих. Пеналот беше досуден дури по асистенција на ВАР судиите, откако по ударот со глава, топката во рака го погоди Хенрикс, иако тој беше свртен со грб.
Во финишот на првиот дел повторно Халанд со многу среќа одново постигна гол за 3-0.
На вториот меч Порто – Интер, мрежите мируваат, иако и двата тима имаа неколку шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА