ЛШ со најголеми квоти на свет во Mozzart: Одбери ги Манчестер Сити и Бенфика!

Богатиот викенд со натпревари е зад нас, а вторник е ден резервиран за Лигата на шампионите. Како и вообичаено, букмејкерите на Mozzart за тебе подготвија две квоти кои во секое време ќе бидат најголеми на свет. Се работи за четвртфиналните натпревари од елитата и победи на Манчестер Сити и Бенфика.

Манчестер Сити – Баерн (вторник, 21:00), кец 1,85

Манчестер Сити има прилично успешна сезона во целина. Избраниците на Пеп Гвардиола се борат за титулата во Премиер лигата и се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите. На домашната сцена, Граѓаните моментално се втори на табелата со шест бода помалку од Арсенал, но им останува уште еден натпревар. Откако во последното коло го совлада Саутемптон со 4:1, Манчестер Сити ја постигна осмата победа во низа на сите фронтови. Претходно „Граѓаните“ беа најуспешни во групната фаза од Лигата на шампионите во конкуренција со Дортмунд, Севиља и Копенхаген, а во осминафиналето без мака го елиминираа РБ Лајпциг. Баерн исто се бори на два фронта и цели само кон трофеи. Во Бундеслигата, тимот на Томас Тухел води на табелата по 27 кола, пред Борусија Дортмунд со два бода. Победата од 1-0 над Фрајбург во последното коло беше втора во низа за Баерн и Тухел како нов тренер на Баварците. Баерн беше непогрешлив во групната фаза против Интер, Барселона и Викторија Плзен, а потоа со два триумфа го елиминира ПСЖ во осминафиналето.

Бенфика – Интер (вторник, 21:00), кец 2,35

Бенфика ја игра сезоната на многу високо ниво. Во Лигата на шампионите, избраниците на Роџер Шмит поминаа низ групната фаза од првото место во конкуренција на ПСЖ, Јувентус и Макаби Хаифа, а потоа лесно го совладаа Клуб Бриж во осминафиналето. Во исто време, „орлите“ доминираат на домашната сцена, каде што се пред освојување на титулата португалски шампион. Освоија 71 бод и имаат седум бода повеќе од Порто. Предноста беше уште поголема до последното коло, кога змејовите ја победија Бенфика во Лисабон со 2:1. Тоа беше само трет пораз сезонава за „орлите“ во сите натпреварувања. Од друга страна, Интер потфрли на домашен фронт, а единствена светла точка за тимот на Симоне Инзаги е Лигата на шампионите. Минувањето на групата со Баерн, Барселона и Викторија Плзен и потоа елиминирањето на Порто му овозможи на стратегот да ја задржи својата позиција. Во Серија А, Интер по 29 кола е само петти во пласманот, но со само бод помалку од четвртопласираниот Милан. Моментално е во серија од шест меча без да слави на сите фронтови.

Напомена: Квотите се подложни на промени, ама во Mozzart во секој момент ќе бидат најголеми на свет!

Се вчитува...