ЛШ: Суарез го суреди Интер, Ливерпул си поигруваше со судбината против Салцбург

Барселона го совлада Интер со 2-1 на „Камп Ноу“ и заедно со Борусија Дортмунд сега има четири бода во групата Ф. Лаутаро Мартинез уште во третата минута го доведе италијанскиот тим во водство, но Луис Суарез беше кобен за „нероаѕурите“. Во 58.минута постигна убав гол за израмнување, а на шест минути пред крајот и донесе триумф на Барселона на овој дуел.

Европскиот првак Ливерпул си поигруваше со судбината против Салцбург. Поведе со 3-0, со головите на Мане, Робертсон и на Салах, но потоа дозволи австрискиот тим да израмни. Хванг, Минамино и Халанд го замолкнаа за момент „Енфилд Роуд“. Сепак, Мохамед Салах со вториот гол донесе триумф за Ливерпул од 4-3.

Абрахам и Вилијан донесоа победа за Челси кај Лил, а Ајакс беше уште поубедлив (0-3) на гостувањето против Валенсија.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ

Група Е: Ливерпул – Салцбург 4-3, Генк – Наполи 0-0

Група Ф: Барселона – Интер 2-1, Славија Прага – Борусија Дортмунд 0-2

Група Г: Лајпциг – Лион 0-2, Зенит – Бенфика 3-1

Група Х: Лил – Челси 1-2, Валенсија – Ајакс 0-3

Се вчитува...