Љубители на брзината, подгответе се: Следи најдолгата сезона во Ф1!

Светската автомобилска федерација, ФИА, денеска го потврди календарот за најдолгата сезона во Форума 1 во историјата. Ќе се возат дури 23 Големи награди, со вообичајниот почеток од Мелбурн на 21. март, додека крајот на сезоната ќе биде во ноќна трка во Абу Даби на 6. декември.

Календарот ќе зависи и од мерките кои ќе бидат донесени во согласност со пандемијата на Ковид-19, но раководството на Форума 1 е уверено дека се ќе помине според планот.

Досега непозната е трката која е закажана за 25. април, која требаше да биде организирана во Виетнам, но домаќинот сеуште не е одреден. Трката во Ханои официјално не е откажана, но истата нема да се вози, а ќе се замени со друга патека. Главен кандидат е „Истанбул парк“, но се споменуваат и португалската патека „Портимао“, и легендарната „Имола“.

Деби како организатор во 2021 година ќе има Саудиска Арабија која во Џеда ќе организира улична трка на 28. ноември.

Според комплетниот распоред трките започнуваат од Австралија, па преминуваат во Бахраин, Кина, потоа следи замената за ГН на Виетнам, а продолжува со Монако, Азарбеџан, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Холандија, Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, САД, Мексико, Бразил, Саудиска Арабија и завршува со Обидинетите Арапски Емирати.

Се вчитува...