Љубљана е македонски град (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Македонските фанови ја окупираа Љубљана. Ечи низ центарот на словенечката престолнина “Македонија, Македонија”. На околу 500 навивачи кои допатуваа од нашата земја, овде им се придружија уште двојно повеќе македонски иселеници од цела Словенија, но и од Хрватска и од Австрија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе имаат значајна поддршка од трибините на вечерашниот натпревар на стадионот “Стожице”.

 

Се вчитува...