Љубов што трае: Симеоне во Атлетико Мадрид до 2022 година

Навивачите на Атлетико Мадрид имаат причина за задоволство откако тренерот на оваа екипа, Диего Симеоне, денеска потпиша нов долгогодишен договор со мадридскиот клуб.

Актуелниот договор на Аргентинецот истекуваше во 2021 година, но интересот на европските гиганти за услугите на Симеоне придонесе двете страни да седнат на маса и да ја продолжат соработката за уште една дополнителна сезона.

„Со задоволство објавуваме дека Диего Симеоне попладнево потпиша нов договор со нашиот клуб, со важност до јули 2022 година“ – објави раководството на Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне седна на клупата на Атлетико во 2011 година. Во изминатиот период тој освои една титула во Примера дивизион, два трофеи во Лигата на Европа, а во два наврати беше поразен во големото финале од Лигата на шампионите.

Се вчитува...