Љубовта кон Наполи е поважна од парите на Интер

Дрис Мертенс е на прагот на потпис на нов договор со Наполи, со што конечно ќе се стави крај на сагата околу иднината на белгискиот напаѓач. По последниот состанок што Белгиецот го имаше со Аурелио де Лаурентис, договорени се речиси сите детали и Мертенс прифатил да остане во Неапол иако понудата од Интер е финансиски повисока од онаа на „наполитанците“.

Тој станува слободен играч на крајот од сезонава, па во ситуација кога голгетер од највисока класа е достапен без никаква отштета нормално е да пристигаат понуди од сите страни на негова адреса. Френк Лампард имаше неуспешен обид да го одведе во Премиер-лигата, а Интер важеше за голем фаворит откако „нероаѕурите“ понудија шест милиони евра годишна плата на овој искусен голгетер, плус бонуси поврзани со настапите на фудбалерот и освоените трофеи на клубот.

Де Лаурентис сепак успеа да најде заеднички јазик со Белгиецот нудејќи му 4,5 милиони евра по сезона во наредните две години. Покрај тоа, Мертенс ќе добие и бонус од 2 милиони евра при самиот потпис на договорот, што треба да биде сосема доволно за искусниот напаѓач и во следните две сезони да му биде соиграч на нашиот Елиф Елмас во Наполи.

Се вчитува...