Љубовта пред парите: Милитунов го избра Олимпијакос

Никола Милутинов од денеска е нов член на Олимпијакос, клуб во кој српскиот репрезентативец се враќа по пауза од три години кога замина од Атина и потпиша за ЦСКА Москва. Србинот имаше сериозни понуди на маса, Монако плаќаше и речиси 50% повисока плата само за да го убеди одличниот центар да се пресели во малото кнежевство, но пресудна се покажа желбата на самиот кошаркар повторно да го облече дресот на Олимпијакос.

Имено, Милутинов пред три години се раздели од навивачите на Олимпијакос со порака „Ова не е крај“, денеска исполнувајќи го ветувањето дека ќе се врати во клубот.

„Се чувствувам прекрасно, ветив дека ќе дојдам пак и останав на зборот. Ова е мојот клуб, овде имам бројни пријатели и воопшто не размислував штом ја добив понудата. Пресреќен сум и едвај чекам да почнеме со сезоната“, изјави Милутинов.

Се вчитува...