Луд финиш во Аризона – Милвоки на чекор до НБА титула (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се на чекор до освојување на титулата во НБА лигата откако по синоќешниот триумф во Аризона со 123-119 поведоа со 3-2 во финалната серија против Феникс Санс.

Еден луд натпревар во кој подеми и падови имаа и двата тима на крај го реши неверојатното забивање на првата ѕвезда на Бакс, Јанис Адетокумбо на 13 секунди до крајот на мечот.

Токму Гркот со 32 поени беше прво име кај победникот, додека одлична вечер имаа и Крис Мидлтон со 29 поени и Џру Холидеј со 27 поени. Кај поразените залудни беа 40 поени кои ги уфрли Девин Букер.

 

 

Се вчитува...