Луд меч: Барселона се спаси од пораз против Вилјареал

Вилјареал направи голем пресврт, но не успеа да ја совлада Барселона, која со гол во судиското продолжение се спаси од пораз и освои бод. Лудиот меч на „Естадио де ла Керамика“ заврши 4-4. Сега Барселона има осум бода предност во однос на Атлетико Мадрид на врвот на табелата и 13 бода позитива во однос на Реал Мадрид, кој утре и гостува на Валенсија.

Барселона брзо поведе со головите на Кутињо и на Малком, но потоа следеше големиот пресврт. Чуквуезе во 25.минута го постигна првиот гол за Вилјареал, а во вториот дел Икамби, Ибора и Карлос Бака најавија триумф за домаќинот. Сепак, Барселона се извлече од бездната во самиот финиш.

Лионел Меси во 90.минута од слободен удар намали на 4-3, а Луис Суарез во последните мигови од дуелот, буквално во последниот напад, израмни на 4-4 и го спаси тимот од пораз.

Се вчитува...