Луд меч: ГОЛМАНОТ на Беневенто му даде гол на Милан во 95. минута

Беневенто по 14 порази конечно успеа да го освои првиот бод во Серија А, и тоа со реми против повеќекратниот шампион Милан, на чија клупа дебитираше Џенаро Гатузо. Во драматична завршница Беневенто успеа да израмни на 2-2 со голот што во 95. минута го постигна домашниот голман Брињоли, кој при еден скратен корнер се уфрли во шеснаесетникот и со прецизен удар со глава го матираше Донарума.

Претходно, Милан и со новиот тренер одигра катастрофално, му дозволи на потпросечниот противник да доминира, па иако два пати имаше водство преку Бонавентура и Калиниќ сепак не успеа да стигне до цел плен, продлабочувајќи ја сопствената криза. Мора да се истакне дека Милан последните петнаесет минути ги играше со играч помалку по исклучувањето на Ромањоли, откако дефанзивецот доби жолт картон во обид да затвори откако Бонучи почетнички загуби топка во противничкиот шеснаесетник.

Се вчитува...