Луд трилер натпревар – Хрватска преку Португалија на чекор од ЛОИ во Токио

Неверојатниот Иван Чупиќ ја водеше Хрватска до победа над Португалија од 25-24 во второто коло од квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио. Хрватите слабо го отворија првото полувреме и на пауза заминаа со негатива од 9-12. Подобро заиграа во вториот дел, а клучни беа последните десет минути во кои одиграа феноменално и успеаја да дојдат на чекор од игрите во Токио.

Чупиќ беше брилијантен и со 9 од 9 беше прво име во таборот на „коцкестите“.

Сепак, утре ќе мора да го совладаат и Тунис, кој ние многу добро знаеме колку може да биде незгоден во квалификации за ЛОИ, откако токму африканската земја не елиминираше од пласман на игрите во Рио 2016.

Шведска без поголеми проблеми славеше над Алжир со 36-25 и утре во директен дуел со Словенија ќе одлучува за пат на ЛОИ во Токио.

Се вчитува...