Луда завршница: Сакраменто упропасти шест разлика за 45 секунди, Фокс ги спаси со тројка од центар… (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Сакраменто и Орландо се покажа како најголемиот „спектакл“ од синоќешната програма во НБА лигата и покрај тоа што двата тима веќе години се при дното на своите конференции. Но, дуелот понуди луда завршница во продолжението.

Сакраменто за само 45 секунди упропасти водство од шест поени само за да нивниот најдобар кошаркар Де’Арон Фокс постигне тројка од центарот за победа.

Малик Монк погоди отворена тројка на 52 секунди пред крајот и се чинеше дека Кингс се стекнаа со недостижна предност. Меѓутоа во серија израмнети напади, Кингс пред крајот загубија топка а Океке на пет секунди пред сирената со забивање донесе 123-123. Сепак, Фокс само ја зграби топката ја поведе до центар и погоди за победа на Сакраменто од 126-123.

Фокс беше најдобар стрелец на мечот со 37 поени, а доби помош од Домантас Сабонис со 25 поени. Банкеро беше најдобар кај Орландо со 33 поени.

Се вчитува...