Лудата завршница на Кале: Павле Михајлоски со звукот на сирената донесе победа на Чаир (ВИДЕО)

Првиот натпревар од 3. коло во Првата кошаркарска лига донесе сензација во СРЦ „Кале“ каде Чаир 2030 славеше во неизвесна завршница против Еуро Никел. Кавадарчани беа на чекор до третата победа во сезоната, на 25 секунди до крајот имаа предност од три поени, но тогаш на сцена настапи Павле Михајлоски.

Откако Френклин намали на 72-73, поранешниот младински репрезентативец добро се најде во рекетот, а потоа успеа да „собере“ и скок во нападот по неуспешниот обид на Рушити и да поентира со звукот на сирената за голема победа.

Се вчитува...