Лудило без граници: Челси ќе заработи 20 милиони од светската титула на Реал Мадрид

Од титулата светски клупски првак на Реал Мадрид ќе заработи и Челси. „Кралевите“ ќе треба да им исплатат на лондонските „сини“ 20 милиони фунти, поради договор од претходно.

Станува збор за договорот на Еден Азар кој од Челси се пресели во Реал Мадрид во 2019 година за 100 милиони евра, но сумата може да достигне 146 милиони евра со се бонуси. Токму еден тие бонуси се активира.

Во клаузулата стои дека доколку Азар ја освои светската клупска титула, Реал ќе треба да исплати 20 милиони фунти. Претходно Челси заработи и за освојување на Азар на Лигата на шампионите и од европскиот Супер-Куп. Инаку да биде работата уште поинтересна, Азар не ни беше во комбинација за настап на светското клупско првенство поради повреда.

Тоа значи дека бонусите се активирани, и дека Челси од целиот трансфер ќе заработи многу повеќе од оние 100 милиони евра, кои „кралевите“ му ги исплатија на премиерлигашот за трансферот на белгискиот играч во 2019 година.

Се вчитува...