Лудило без граници: Нема да верувате колку чинат билетите за големото финале!

ФИФА и организацискиот комитет на овој светски шампионат веќе подолго време е мета на критики на фудбалските фанови ширум светот, но врвот се чини е достигнат со цените на билетите за претстојното финале што ќе биде на програмата в недела со почеток во 21 часот на стадионот во Њу Џерси.

Илјадници шпански фанови го чекаа исходот на нивната селекција во полуфиналето против Франција, но по победата и пласманот во големото финале, тие доживеаја вистински шок – откако дознаа дека најевтините билети за финалето чинат 4.450 евра.

Станува збор за цени на „пазарот на црно“, со оглед на фактот дека сите билети пуштени во продажба од страна на ФИФА експресно беа распродадени. Двете земји учеснички во финалето ќе добијат по одреден број влезници, но таа бројка секако ќе биде многу пониска од заинтересираните фанови кои повеќе од еден месец ги бодрат своите миленици по стадионите ширум САД, Канада и Мексико.

Најскапиот билет што може да се најде за големото финале изнесува неверојатни 188.800 евра, пари со кои во Скопје можат да се купат два помали стана.

„Ова не е нормално, цените цело време варираат горе доле, а најевтината карта за финалето е над 4.000 долари. Сума што не е достапна за нормалните фудбалски фанови“, се жалат шпанските навивачи, а пренесува мадридскиот весник „Марка“.

Се вчитува...