Фулам е последниот тим што обезбеди влез во Премиер-лигата откако во финалето од разигрувањето по огромна битка славеше над Брентфорд со 2-1, дури по продолженија од двапати по 15 минути. Мечот го одлучи неверојатниот погодок што го постигна Џо Брајан, кој во 105. минута изведуваше слободен удар од околу 40 метри, успевајќи да го изненади голманот и со директен шут кон голот да ја смести топката во мрежата.
Финалето на „Вембли“ го одбележа затворен фудбал и тактичко надмудрување во текот на 90-те минути, во кои тимовите не создадоа ниту една стопроцентна шанса. Се чинеше дека патникот во елитата ќе биде решен со пенал-рулет, но блесокот на Брајан и очајната интервенција на противничкиот голман се покажаа доволни за Фулам да успее да си обезбеди камбек во Премиер-лигата. Брентфорд потоа се отвори, но беше казнет и Фулам постигна и втор гол во 118. минута, повторно преку Џо Брајан по одличното двојно додавање со Митровиќ. Конечните 2-1 буквално во последните секунди од средбата ги постави Далсгард.
Претходно, влез во елитното друштво обезбедија и Лидс и ВБА, додека од Премиер-лигата во Чемпионшип-дивизијата се селат Ватфорд, Норвич и Борнмут.
1-0 to Fulham #Playoffs #BREFUL
— Football Goals (@FootballGoalss_) August 4, 2020
2-0 to Fulham #Playoffs #BREFUL pic.twitter.com/S6O50wmFxE
— Football Goals (@FootballGoalss_) August 4, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА