Лудило: Платил 8.000 евра за билет за ПСЖ – Реал Мадрид

Дуелот ПСЖ – Реал Мадрид од многумина се нарекува „меч на годината“ иако е само осминафинале од Лигата на шампионите, но лудилото поврзано со оваа пресметка најдобро ја отсликува и цената што ја достигнаа билетите на црниот пазар за следење на мечот на „Паркот на принцовите“.

Имено, француските медиуми јавуваат дека еден билет достигнал цена од неверојатни 8.000 евра, платени од страна на арапски турист кој навива за ПСЖ. Станува збор за ВИП билет, со платена вечера и следење на дуелот од една од ложите, но во секој случај цената е далеку од сите нормални стандарди.

Медиумите информираат и за присуство на група мексикански фанови кои се пристигнати без билет и не прашуваат за цена кога станува збор за овој натпревар, па за очекување е и билетите кои не се ВИП да ја достигнат цената од 5.000 евра.

Се вчитува...