Лудиот Ивановиќ: И ние и Партизан знаеме дека Црвена Звезда ќе слави во финалето на АБА

Спектакуларното српско вечно дерби во АБА лигата заврши со голема победа на Партизан кој успеа негативата од 20 поени да ја претврои во победа од 11 поени со фантастично второ полувреме во кое дозволи 33 поени, а постигна 58.

По поразот тренерот на Црвена Звезда, Душко Ивановиќ не беше расположен за говорење на пресконференцијата за медиуми, но во краткото излагање даде изјава во која вели дека и неговиот тим и Партизан знаат дека Црвена Звезда ќе биде таа која ќе слави во следните вечни средби во АБА кои најверојатно ќе бидат во самото финале.

„Како што кажав и пред натпреварот за мене е најважно чувството кое јас и моите играчи ќе го имаме по денешниот натпревар. Без разлика дали ќе изгубиме или победиме. Знаеме дека во натпреварите кои следат ние ќе победиме. А, што е најважно за нас и најлошо за нив, и Партизан знае дека ние ќе победиме“, изјави Ивановиќ.

Се вчитува...